За време на апсењето на Зоран Марјановиќ, по кого во семејната куќа во Борча дошле полицајци поради случајот со суровото убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, најмногу била повредена нивната ќерка Јана.
Како што дознаваат белградските медиуми, Зоран ја успивал ќерката во моментот кога полицијата затропала на нивната врата.
Очекувано, девојчето било вознемирено и почнало да вреска додека припадниците на МУП го приведувале нејзиниот татко.
На сопругот на Јелена, Зоран, одреден му е притвор од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.