Планот за економски раст што го презентираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев има цел „да ја зголеми конкуретноста на приватниот сектор за да се забрза економскиот раст и да се подобри благосостојбата на граѓаните“. Со други зборови, планот сорджи мерки скроени за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои дополнително ќе ги оптоварат странските, но и домашните фирми.
Мерките, како што е напишано во Планот за економски раст, се поделени во три групи:
- Првата група се мерки за поддршка на целата економија и тоа се мерки што ги опфаќаат сите економски субјекти – мерки за нови гринфлинд инвестиции и зголемување на конкуретноста на економските субјекти.
- Втората група се мерки за извозно ориентираните компании, за дополнителна стимулација на нивниот извоз.
- Третата група на мерки се насочени кон малите и средните претпријатија
Со првата мерка ефектите ќе се следни:
Повеќето нови домашни и странски компании во Македонија се од трудоинтензивната област (текстил, кожарство, кабли за автомомобилска индустрија, преработка на земјоделски производи, производство на ќерамиди и сл.), кои вообичаено имаат потреба од поголема, но нискоквалификувана работна сила, нема да добијат субвенции за вработување кои изнесуваат меѓу 10 и 16 осто од платата.
Значи, нови компании од типот на „Дрекселмајер“ Кавадарци (6ооо вработени, плус погон кој наскоро почнува со работа во Куманово, во кој ќе бидат вработени над 1000 лица), „Кромберт и Шуберт“ (3500 вработени), КСС Кичево (1100 вработени), „Леар“ Тетово (2500 вработени), „Џонсонс контролс“ Штип и Струмица (со по 1500 вработени) и слични на нив, нема да добијат субвенција и со тоа шансите да инвестираат во Република Македонија драстично се намалуваат. Од друга страна, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Молдавија, Украина и други земји-конкуренти за привлекување странски инвестиции немаат вакви ограничувања.
На Македонија ѝ се потребни компании кои ангажираат високостручен кадар, инженери, хемичари, физичари, информатичари, правници, економисти и слично, но уште повеќе ѝ се потребни компании кои вработуваат нискостручен кадар, затоа што Македонија има многу таков кадар кој е невработен, а е подготвен да работи за минимална плата, односно за 14-18 илјади денари месечно.
Најголем дел од невработените лица се нискоквалификувани и тие луѓе најтешко наоѓаат работа. Со оваа мерка владата нема да им помогне на овие луѓе, затоа што странските компании нема да дојдат, а нискоовалификуваните невработени ќе останат без работа или во услови кога нема понуда за работа, ќе прифатат да работат за помалку од она би им го понудиле странските компании. Следна опција е да заминат од македонија.
Исто така, странските мултинационални компании практикуваат да почнат со помали плати, па со стекнување искуство, постепено за две-три години повеќепати да ги зголемуваат платите. Така, работниците на кои во почетокот „Дракселмајер“ им понуди 11-12 илјади денари месечно, денес земаат 15 илјади и повеќе, во зависност од напредокот во кариерата и позицијата.
Кога би ја немале само оваа фабрика, околу 6000 работници би биле без работа, би седеле дома или би биле заминати од Македонија. Доколку останат во Македонија, би работеле за многу помали плати во фирмите на Заеви или Агѓушев за да преживеат и да ги исхранат семејствата.
Работата во странски компании на работниците им овозможува да стекнат одредени стручни квалификации, едукација, практична подготвеност и тие стануваат конкурентни на пазарот на труд. Можат да конкурураат за подобра работа во истата или во друга фирма која има потреба од нивните квалификации и нуди подобри услови и плати. Со оваа мерка работниците ќе ја загубат таа можност, бидејќи ќе нема вакви фабрики или пак нивниот број ќе биде драстично намален.
И конечно, оваа мерка не е скроена ни за странските ни за домашните компании, туку за фирмите на кланот Заеви и на Кочо Анѓушев, кои имаат токму ваков вид компании. Со отворањето странски компании кои нудат подобри услови и плати, фирмите на Заеви и Анѓушев почнаа да губат работници, а за да ги задржат, мораа да им ги покачат платите, што пак им го намалува профитот.
Со оваа мерка невработените никоквалификувани работници се осудени да останат невработени или да работат за пониски плати кај Заеви, Анѓушев или кај други работодавачи од нивниот ков. Јасно е дека по влегувањето на „Маккард“ во Велес, „Дракселмајер“ во Кавадарци и слични фабрики во Бунарџик, Анѓушев се соочи со притисок од работниците – или повисоки плати или заминуваат.
Истото му се заканува наскоро и на Заев со „Џонсон контролс“ во Струмица, па побрза да се заштити.
Оваа мерка единствено ќе ги заштити Заев и Анѓушев од покачување на платите на работнците во нвните фирми. Работниците нема да можат да дадат отказ, зашто ќе немаат каде да заминат на подобро. Оваа мерка е мерка на работнците ќе им донесе ропство, а на тајкините од ковот на Заев и Анѓушев поголемо богаство.
Економската логика вели дека платите растат само кога има нови и нови фабрики и компании, конкуренција и поголема понуда на работни места. Кога нема нови фабрики и компании, платите стагнираат и се намалуваат, а невработеноста расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.