По очекуваната оставка од сега веќе поранешниот селектор на Македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски, се повеќе меѓу добро упатените ракометни кругови се зборува дека актуелниот тренер на РК Металург Лино Червар е еден од најсериозните кандидати за селектор на македонската ракометна репрезентација.
Червар сеуште не се изјаснил дали би ја прифатил евентуалната понуда од Ракометната федерација на Македонија.
Сегашниот тренер на РК Металург со хрватската репрезентација освои неколку медали на европски и светски и олимписки игри. Во 2003 стана златен на светското првенство во Португалија, во 2004 неговата земја во Атина ја доведе до златниот медал на олимписките игри. Сребрени медали освоил во 2005 на светското како и во 2008 и 2010 на европските прввенства.
Од пред еден месец Червар е носител на македонско државјанство со што дополнително се зголемија шпекулациите дека тој е можниот наследник на Шундовски кој ги направи најголемите успеси на Македонија во ракометниот спорт од независноста. Покрај Червар и тренерот на РК Вардар Веселин Вујовиќ е вториот можен наследник на Звонко Шундовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.