Девиците се познати како многу аналитични личности, многу внимателни и дисциплинирани. Тие имаат униформиран и систематски поглед кон животот и решавањето проблеми. Тие се познати како луѓе кои се многу селективни во однос на тоа со кој се дружат.
Родените во овој знак се многу зрели и таинствени, и често сакаат да ги имаат работите под контрола. Нивните умови не се исполнети со соништа, туку со анализа и многу набљудување. Девиците се луѓе кои претходно длабински планираат, па потоа се фокусираат на нивните цели. Кога и да донесуваат одлука за нешто, долго анализираат и методолошки им пристапуваат на нивните одлуки.
Тие уживаат спонтаност и авантура. Сепак, потребна им е и структура за да можат да уживаат. Девиците се одлични вработени, членови на семејството и многу се грижливи. Тие ги сфаќаат нештата буквално. Многу се лојални и имаат силна смисла за хумор.
За да привлечете личност родена во овој знак, морате да флертувате со нив. Обидете се да бидете забавни. Натерајте ги да се смеат, ако го направите ова, можете многу лесно да им се допаднете.
Ќе ви ги покажат своите негативни страни за да видат дали ќе сакате да останете покрај нив. Несигурната Девица ќе сака да и покажете дека ја сакате дури и во најлошото и тогаш ќе ја имате за цел живот. Ако една Девица ве почитува, тие нема ни да ги забележуваат вашите маани, додека пак кај останатите луѓе ќе ги видат сите маани кои се дури и невидливи за останатите. Ако тие сакаат да бидат во ваше друштво, ќе веруваат во вас и ќе ве поддржуваат секогаш. Но, само ако ве сакаат. Доколку им згрешите, ќе станат студени и параноични.
Девиците се фокусирани на совршеност и им треба партнер кој ќе им овозможи нежна, но силна љубов која постојано ќе се развива. Одличен партнер за нив се Биковите, кои имаат тенденција да бидат интровертни и кои ја ценат хармонијата.
Тие не им веруваат на луѓето многу и затоа веднаш ќе забележат ако престанете да ги сакате. Тие се аналитични и ги препознаваат нештата пред да се случат. Кога срцето им е скршено, ќе бидат зафатени за да ги тргнат мислите од болката. На еден начин, тие веќе почнуваат да го лечат своето срце уште пред да им биде скршено.
Како пријатели, тие се љубезни. Срамежливи се и никогаш не го прават првиот потег кога станува збор за нови луѓе. Не сакаат да бидат лидери, туку повеќе би сакале да следат. Нивниот најдобар пријател ги обожава бидејќи се одлични пријатели. Често мислат дека не даваат доволно во пријателствата, но другите ги сакаат поради нивните вештини за решавање проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.