Станува збор за личности со аналитичен ум кој ги скенира туѓите зборови, ги пакува и потоа ги обработува. За нив е тотално непознато да се остави нешто на случајноста, па затоа и сè им е испланирано и поставено на своето место бидејќи тоа е единствениот начин на кој можат да функционираат.
Тие се точни и пресметани, па често ги делат нештата на ситни парчиња со цел да можат без грешка да ги обработат.Станува збор за Девиците.
Кај нив нема пропуст. Тоа е нешто што може да ги навреди, нешто што е невозможно да се случи. Нивниот мозок е многу сличен на Близнаците, што воопшто не е чудно бидејќи и со нив владее Меркур. Но, за разлика од Близнаците кои се будалести и забавни, Девиците не умеат да се забавуваат. Тие исто така и не знаат како да скратат. Ако не образложат сè, тоа за нив е исто како да молчеле. Од друга страна пак, лесно се навредуваат ако некој им упадне во збор и ги прекине.
Тие имаат краток фитиљ и се ужасуваат од човечката глупост, безобѕирност, неточност, спротивставување… Нивните живци се премногу тенки, а реакциите бурни. Тие се големи злопамтила, па без разлика колку мала грешка сте им направила, тие никогаш нема да ја заборават. Нивното помнење е фотографско, математички точно. Поседуваат силна логичка интелигенција која доведува до конфликт помеѓу нив и нивните емоции, бидејќи за нив сè мора да биде логично. Но, логиката најмалку е застапена во емоциите. Токму затоа и кога ќе бидат изложени на сите оние нешта во кои не можат да најдат логика, тие стануваат несигурни и веднаш започнуваат да бараат подлога на која би можеле да застанат.
Не умеат да живеат, па затоа и се движат по нереални патишта. За нив сè мора да има основа, почеток, средина и крај. Тие очекуваат и бараат чистота и точност, иако самите знаат да бидат неуредни и неточни. Девиците многу често доцнат, но на работа се секогаш точни. Кога станува збор за било каков натпревар, никој не може да победи Девица. Тие поседуваат голем број податоци кои ги запомниле во својот незаборавлив ум. Многумина се изморуваат од тоа секогаш да бидат во право, но Девиците не знаат како на друг начин да живеат. Во нивниот ум нема место за пропуст бидејќи тоа е единствениот начин на кој се чувствуваат добро.
Најголемите хипохондрици во светот најчесто се припадници на овој знак. Во љубовните врски тие љубат до бескрај и назад. Се предаваат без резерва и го сакаат својот партнер повеќе од себе, што понекогаш може да го зачуди нивниот аналитички ум. Љубовта на Девиците е чиста како солза, па затоа и никогаш не изневеруваат. За нив тоа е невозможна мисија, нешто што нема смисла, ниту пак логика. Но, сепак знаат да го гледаат својот партнер без доверба. Тие го/ја гушат, посесивни се и ужасно љубоморни. Едноставно не постои понапорно суштество од љубоморна Девица. Тие се подготвени на секакви глупости со цел да дојдат до докази дека нивниот партнер ги изневерува, па затоа и прислушуваат разговори, им ѕвонат 100 пати во текот на денот, бараат од нив постојано да одржуваат контакт… Ако работите избегаат од контрола, тие дури и би најмиле приватен детектив.
Девиците се личности кои никогаш не веруваат, па токму овие сомнежи од нив знаат да направат будали. Иако се свесни за тоа, едноставно не можат да му се спротивстават. Откако ќе ја откријат вистината, лесно се помируваат со неа, без разлика каква е таа. Нивната цел е да ја откријат, само за да им докажат на сите дека биле во право и за ништо друго не се грижат. Тие се огромни „папучари“ и мазохистички уживаат во тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.