Некои луѓе едноставно се толку досадни и напорни како да сакаат да го извлечат целиот живот од околината, а тие наводно припаѓаат кон овој хороскопски знак.
Девиците се прогласени за најголеми злопамтила и ситничари.
Нивната ситничавост ги тера останатите луѓе да побегнат на другиот крај на светот и никогаш да не се вратат во нивна близина.
Девиците се, како што тврдат астролозите, како слонови, никогаш не забораваат и ниту малку не им е незгодно постојано да ве потсетуваат на моментот кога сте направиле нешто лошо, иако тоа се случило во изминатиот век.
Она кон што тежат е совршенство на светско ниво, но никако не можат да сфатат дека треба малку да поработат на самите себе.
Вистински критичари се кога се во прашање постапките на остнатите луѓе, а своите мани никако не ги гледаат своите мани. Од друга страна, уживаат во сексот и тоа им е некаков вид на издувен вентил, иако тоа никогаш нема да го признаат, дури ни на себе си.
За среќа, не треба да се заборави дека не се сите исти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.