Сѐ поголем е бројот на жени што никогаш немале сексуални односи, но се трудни благодарение на вонтелесното оплодување, пишува „Индепендент“.
Во Велика Британија на тој чекор се одлучиле дури 25 проценти од девиците во дваесетите години од животот, бидејќи се почувствувале подготвени да станат мајки.
Дел од нив рекле дека и понатаму го чекаат вистинскиот партнер, а некои, пак, дека едноставно се плашат од сексот поради одредени психосексуални тешкотии, објаснуваат стручњаците.
Истражување спроведено во 2013 година, покажало дека една од 200 трудници зачнала без сексуални односи. Од нив 31 отсто се зарекле на доживотен целибат од религиозни причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.