Со одлука на Владата, новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистер, но во барањата ќе мораат да наведат на какво истражување работат. Ова денеска го соопшти новата директорка на Централниот регистер Марија Бошковска Јанковска.
Во владината одлука е наведено дека новинарите кои работат на истражувања ќе треба да поднесат барање до регистерот кое ќе биде ставено на меморандумот на новинарската организација и ќе содржи потпис и печат од главниот уреднник.
Централниот регистер и Агенцијата за кастар на недвижности ќе треба на видно да назначат е во функција за истражувачка дејност и не треба да се злопутребува за други цели.
По реакцијата на новинарите дека праксата да се бара од бара од новинарите да кажат и пишат на какво истражување работат, директорката даде алтернативна опција да се претплатат на веб сајтот на Цетралниот регистер и за цена со 80 проценти попуст можат да добијат пристап до 2,000 документи годишно.
На прашањето зошто процедурата побарува од новинарите да пишуваат што истражуваат, беше речено дека одлуката и правилата ги пропишала владата, а не институцијата која што не била консултирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.