Претставници на Музејот на Македонија и Градскиот музеј на Неготино, како и студенти и професори од Катедрата за археологија, ги истражуваат локалитетите на територијата на Неготино. Истражувачките работи се одвиваат на три локалитети: Мали Дол, Чаир Рид и Јака чешма, што само потврдува дека општина Неготино, а посебно атарот на селото Тремник, располага со огромно археолошко богатство што претставува предизвик за истражување од страна на стручната јавност.
Посебно атрактивен е локалитетот Јака чешма каде што е откриено постоење римски водовод, што според археолозите докажува дека на овој простор во минатото егзистирала елитна и многубројна населба.
Истражувањата се очекува да се одвиваат и во периодот од наредните два месеца, а целокупните активности се финансирани со средства од Министерството за култура и локалната самоуправа Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Градоначалникот на Неготино доживеал сообраќајка
-
Жители на неготинско Тимјаник не сакаат деца со посебни потреби да бидат во нивна околина
-
Пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид на слон во близина на Долни Дисан



