По 20 денари за влез, 50 денари за паркирање автомобил или 80 денари за комби и минибус 80, 150 денари за автобус, за поставување шатор тарифата е 150 денари, за камп-приколка 200 денари, додека за собирање шумски плодови граѓаните кои одат во некој од националните паркови ќе треба да си платат 500 денари, јави порталот „Фактор“.
Со новите тарифници, за секое влегување во некој од трите национални паркови во Македонија, „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“, посетителите наскоро ќе треба да си платат.
Ослободени од плаќањето ќе бидат само постојаните жители во атарите на парковите, соопшти вчера министерот Абдулаќим Адеми. Според Адеми, одлуката е владина, а собраните средства ќе се користат исклучиво за унапредување и за заштита на националните паркови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.