| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка и подари планина на Финска за 100 години независност

Норвежаните сигурно ќе ја добијат титулата најдобар сосед во Европа бидејќи за 100 годишнината од независноста на Финска ќе се откажат од планината Халти која се наоѓа на самата граница, пишува порталот „Позитив“. Идејата е да и се овозможи на Финска да ја добие првата планина на своја територија бидејќи државата е претежно рамна и највисоката точка се наоѓа на неколку стотина метри со највисокиот рид.

Иницијативата е покрената од геолозите во Норвешка кои сметаат дека со откажување од планината не губат ама апсолутно ништо. Овој потег изненади многумина особено што во Европа се уште има голем број на меѓудржавни спорови за границите и териториите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top