На североисток на Турција, на надморска височина од 1.200 метри се наоѓа селото Циралар, во кое во зима живеат само шест жители, сите членови на едно семејство.
Жителите се занимаваат со сточарство и со земјоделство. Поголемиот број жители се постари, на лето се околу 30, а во зима, кога условите за живот стануваат потешки, бројот се намалува на шест.
Поголемиот број од нив се отселиле во Арданук, но една група не го напушта својот дом. Меѓу тие што останале во селото се и Ферди Меркан (27). Во селото живее со сопругата, двете деца и родителите. Неговото семејство се доселило од друго село, кое е одалечено од Циралар три километри. Овде од државата изнајмиле земја на која работат и од која живеат.
– Во ова село живеам веќе 13 години. Најмалку седум месеци во годината јас и моето семејство се занимаваме со сточарство. Последните четири години во селото живееме во текот на целата година – изјави Меркан, кој заработува од земјоделството.
– Ние се храниме со тоа што го добиваме од природата. Ништо не земаме од градот. Во зима го чуваме селото, а штом ќе се појават првите знаци на пролетта, се враќаме на работа – додава тој.
Тој и неговото семејство среќно живеат во селото и не планираат да се отселат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Експлозија на гасовод во Истанбул