| четврток, 6 декември 2018 |

Кадровски промашувања на Владата: Директори со средно, историчари се занимаваат со спорт, министри кои не знаат англиски

Стотте дена од новата Влада донесоа кадровски промашувања на сите нивоа – од министерски, преку директори на врвни културни институции до одговорни лица во спортски академии. Таков е случајот со назначувањето на новиот директор во „Танец“, Стојанче Павловски кој нема соодветно образование, потоа разрешувањето на Дејан Јовановски од местото директор на спортската академија и назначување историчар по професија на оваа функција, како и именување на министри кои не го познаваат англискиот јазик.

Јавноста не заборава дека Владата го назначи Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец”, кој има завршено средно градежно образование.

  • Павловски е човек со завршено средно градежно образование, кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски. Неговото именување покажува колкав е интересот на СДС и Алаѓозовски за македоноската култура и оваа државна институција која е најголем репрезент на Република Македонија во странство. Павловски, како кадар на СДС кој има завршено само средно градежно училиште, доаѓа на местото на Зоран Џорлев, докажан уметник, професионалец и афирматор на македонската култура, фолклор и музика. Граѓаните го гледаат и се срамат од разорувањето на институциите од страна на СДС. Граѓаните ја гледаат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите кадри и дилетантите на СДС“ – изјави Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Запраша зарем не е срамен ваквиот однос на СДСМ кон оваа установа, и додаде дека граѓаните се доволно мудри за да оценат која е разликата во односот спрема културата на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е дека СДС нема баш никаква намера за афирмација на македонската култура и традиција. СДС единствено се грижи за спроведување на партизацијата и депрофесионализацијата на сите институции. Ниту граѓаните, ниту државата им се на прво место. Ниту некогаш им биле. СДС си поигрува со ансамблот „Танец“, кој е една од најстарите институции од ваков вид во Република Македонија, а дефинитивно најнаградувана, и одликувана со разни награди во земјата и странство. Со ваквите свои чекори на делување очигледно е дека СДС сака да ја партизира секоја пора на општеството. Го прашуваме СДС дали е вистина дека новоименуваниот в.д. директор со самото поставување на позицијата барал списоци за вработените кои добиле решенија изминативе 10 години? Оттука го прашуваме кому и за што му се ваквите списоци?“, праша Атанасов.

Според него, „Танец“ е културна установа од највисок ранг и не смее да биде жртва на умоболните политики на СДСМ.

„Танец“ е формиран далечната 1949 година и од тогаш до денес истиот претставува амбасадор на македонскиот фолклор. Примарната цел за постоење на ансамблот е да се одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор, што успешно го прави веќе 6 децении благодарение на стручниот и посветен кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период сериозно инвестираше во оваа установа, а на вработените им ги зголеми платите. СДС си поигрува со институцијата која имала над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Ансамблот „Танец“ во текот на годините се закитил и со голем број на државни награди, како: „11-ти Октомври“, „Климент Охридски“, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември“ како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Република Македонија, посочи Атанасов.

Вели дека СДСМ со партизацијата која, како што рече, упорно ја спроведува во сите институции, ја загрозува оваа институција која е промотор на македонската култура и традиција во светот.

„Заρади ваквата неодговорност, негρижа и неспособност на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност на претстојните локални избори, кога граѓаните ќе кажат што мислат за погубните политики на СДС“, потенцира Атанасов.

Поранешниот кошаркарски интернационалец, поранешен генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“, Дејан Јовановски, беше разрешен од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место е поставен професор по историја од истото училиште.

Дејан Јовановски

Смената на Јовановски дојде неколку дена по неговото именување за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и може да се толкува единствено како доказ на реваншистичките политики и партиски чистки на СДСМ водени по методот „вработување од чистачка до директор“ само на партиски војници, како што најави Зоран Заев дека ќе функционира откако ќе дојде на власт.

Новиот директор историчар ја воведе и првата новина во Спортската академија – веб сајтот на академијата веќе неколку дена не е достапен.

Во тимот на Заев, се и министри кои не го познаваат англискиот јазик – како Зоран Шапуриќ и Самка Ибраимовски.

Зоран Заев и Самка Ибраимовски

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, за злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на функцијата Генерален секретар на Владата, со што извршил кривично дело од чл.353 од Кривичниот законик, информираше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

Според Колариќ,  Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на Владата без тие да ја имаат исполнето со закон потребната квалификација, како што рече, единствена квалификација која тие ја имаат е тоа што се активисти на СДСМ.

-Рашковски од периодот на негово назначување за Генерален Секретар до датумот на распишување на изборите, во повеќе наврати организирал именување на повеќе ВД директори од страна на владата, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, но и именувал луѓе кои не биле писмено предложени од надлежни органи, како на пример Управен Одбор, за позициите за кои тоа било потребно. СДС не бира средства и начин како целосно да ја партизира државата. СДС поставува некомпетентни луѓе на позиции директори, со цел партизација на секоја пора на општество – истакна Колариќ.

Посочи дека Рашковски до Владата доставил решенија без комплетна документација за именување на ВД директори на институции, а именуваните кои требале да имаат писмен предлог за именување од одредена институција, како што рече, го немале или истиот бил доставен до архивата на Владата и заверен по именувањето на истите.

-Да почитувани граѓани, дел од директорите кои СДС ги назначи да раководат со државните институции, не само што не ги исполнувале условите за назначување на позициите на кои се поставени, туку и немаат соодветна квалификација. Ова е грубо и свесно кршење на законот, со цел целосна партизација на институциите и нивно ставање под јаремот на партијата на власт. За ова одговорност мора да има и ќе има. Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата, истакна Колариќ.

Посочи дека Рашковски и сите прекршители на законите инспирирани или поттикнати од врхушката на власт, треба да знаат дека за своите незаконски дела ќе сносат одговорност, додавајќи дека одговорност мора да има и ќе има.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top