| четврток, 6 декември 2018 |

Капиштец бара градинка и училиште, Жерновски им прави забава

андреј жДодека објектот на општина Центар е под опсада на граѓани, а седниците на Советот се одржуваат среде ноќ, со шкафови пред прозорците за да се сокрие од граѓаните, заштитуван со кордони полиција, градоначалникот Андреј Жерновски најавува – забава во Капиштец. И тоа со зборовите од песната на Петјула Кларк – „Даунтаун“. Градоначалникот ретро-диџеј сака да му даде „смисла на летото“, додека граѓаните пред една недела бараа смисла во пренамена на средствата за потребните градинка и училиште во Капиштец.

„И покрај сите пречки на кои наидуваме, животот во Центар мора да продолжи и да не се забораваат неговите убави страни.

Затоа, утре од 18.30-21.30 часот во паркот во Капиштец (меѓу улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт) општина Центар ќе организира забава и прво маалско дружење под името „Во ритмот на Центар“.opstina_centar

Сите учесници во настанот ќе се најдат на исто место со граѓаните и добронамерни посетители, сакајќи да придонесат, да помогнат и да го споделат она што го знаат, мисла и дело. Настанот е донација од сите оние кои  учествуваат во него.

На лице место, во центарот на Центар ќе се најдат уметници, музичари, ракотворци, поети, готвачи и ентузијасти, деца, млади и возрасни. Сите се добредојдени,како гости или учесници.

opstina_centar2-1Заедно, да ја вратиме во живот дружбата, да размениме информации, да го дадеме најдоброто едни за други. Постои една многу стара песна од Петјула Кларк. Се вика „Даунтаун“. Во неа се вели дека сите прикаски почнуваат во центарот на градот, таму од каде што почнал да се гради градот. Да заборавиме на грижите или да ги споделиме, за да ги решиме.

Дојдете утре во паркот, да го започенеме летото предвреме, да му дадеме смисол, насмевка и боја на градот. Да го најдеме споменот на местото кое живот значи. Да се вратиме во маалото како дома“, гласи повикот од општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top