Филмот на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо, „The Shape of Water “освои „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал кој заврши вечерва.
– Доколку останете чисти и лојални на својата вера, во мојот случај, во чудовишта, можете сè да постигнете – истакна Дел Торо во обраќањето на најстариот филмски фестивал во светот.
Тој додаде дека наградата ја посветува на младите јужноамерикански режисери.
Жирито на чело со американската актерка Анет Бенинг го избра меѓу 21 филмови на 74-тото издание на фестивалот, што заврши вечерва.
Британката Шарлот Ремплинг беше наградена со „Volpi“ за најдобра актерка за учеството во филмот „Hannah“, а палестинскиот актер Камел Ел Баша беше одликуван за улогата во филмот „The Insult“.
„Сребрени лавови“ добија филмовите на младиот францускиот режисер Ксавиер Легранд и израелскиот режисер Самуел Маоз. „Jusqu’à La Garde“ е првиот долгометражен филм на Легранд, кој беше награден за најдобра режија. Тој исто така ја доби наградата „Лав на иднината“ за деби филм.
Маоз доби Гран при од жирито за неговиот нов филм, „Foxtrot“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.