| четврток, 6 декември 2018 |

„Златен лав“ за филмот „Рома“ на Алфонсо Куарон

Филмот „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон е награден со „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

Станува збор за црно-бела драма базирана на деттството на режисерот Куарон во Мексико.

Режисерот Гилјермо дел Торо беше претседател на жирито, во кое беа членовите: Силвија Чанг, Трине Дурлом, Никол Гарсија, Паоло Џеновезе, Малгоржата Шумовска, Таика Ваитити, Кристоф Валц и Наоми Вотс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top