Северот на Италија се подготвува за големо невреме , а најдраматично е во Венеција, каде с еочекуваат најголеми поплави во последните 40 години. Црвен метеоаларм е вклучен за областите Лигурија, Ломбардија, Венеција, Фриули и Трентино , како и во централниот дел на покраината Абруцо.
Невреме со нешто послаб интензитет ќе има и во другите делови на Италија. Во Венеција , Рим , Џенова , Месина на Сицилија и други градови се затворени училиштата.
На северот , каде е најдраматично , нивото на реката По нарасна за 2,5 метри за само 24 часа.
Нивото на вода во Венеција денеска изнесувало 149 саниметри над вообичаеното ниво на морето, па поплавени се 70 отсто од улиците и плоштадите на тој град на вода, соопштиле градските власти.
Плоштадот Свети Марко евакуиран е откако водата во овој дел достигнал 156 саниметри над морето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека плимата брзо расте и дека се очекува висината на водата да достигне 160 сантиметри. Состојбата во Венеција е драматична, каде се очекува најголема поплава во последните 40 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)