Македонија со проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) ќе се претстави на 16. Меѓународна архитектонска изложба-la Biennale di Venezia 2018, која ќе почне на 26 мај и ќе трае до крајот на ноември годинава. Во проектот се избрани четири простори кои претпеа корените промени со „Скопје 2014“. Тоа се платото на МОБ и кејот на реката Вардар, објектот на Владата, Поштата со телекомуникацискиот центар и објектот на МЕПСО и стоковната куќа „НАМА“, која излегува на плошатдот „Македонија“, дело на архитектот Славко Брезоски.
Автори на пректот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.
Кураторите на годинашново македонско претставување во Венеција се Марија Мано Велевска и Слободан Велевски. Велевски рече дека проектот локациски се врзува за Скопје и се испитува наследството кое зад себе го остави проектот „Скопје 2014“.
– Содржината на проектот „Ослободување на просторот“ како куратори ја поставивме врз три клучни тези. Првата е „Скопје 2014“ не е архитектонски проект бидејќи во себе ја нема логиката која ја има архитектонската професија-да создава јасна просторна и програмска композиција. Втора теза е дека неговата единствена вредност е дека тој постои и како таков во просторна смисла физички влијае на контекстот на градот во моментот. Трето, ние сметаме дека современиот градски простор се темели пред се на важноста на заедничкиот јавен простор во кој се споделува граѓанската различност или различните потреби на луѓето кои живеат заедно – рече Велевски.
Од МСУ најавија дека овој проект пред македонската публика ќе биде претставен на почетокот на следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски на првото Биенале на западен Балкан
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)