Љубомир Фрчковски, професорот на Правниот факултет и поранешен претседателси кандидат на СДСМ, во својата последна колумна обајвена на порталот „Либертас“ смета дека опоцизијата треба да учествува на локалните избори. Ова е спротивно од цврстиот став на Бранко Црвенковски, кој вчера веднаш по средбата со Никола Груевски рече дека нема учество на изборите доколку не се прифатат условите на опозицијата. Груевски ги одби тие услови.
Конкретно, Фрчковски пишува:
„…Второ, смртта на македонскиот Парламент во овој состав нема ништо заедничко со локалните избори (освен нивните формални распишувања). Тие власти се уставно поделени и опозицијата може и треба да учествува на локалните избори без никакво враќање во Парламентот, ниту принципиелна поврзаност на овие две нивоа на власти (кои има намера да ги освои). Единствена тема треба да бидат фер условите на избирањето и ништо друго. Од една страна, опозицијата мора да ја реализира демократската енергија на протестите низ спојување со изборната кампања на локалните избори. Темите на тие избори (тоа е подарок од ситуацијата на насилството од диктатурата) ќе бидат „национални“ теми: инцидентот во Парламентот и демократијата, медиумскиот мрак, насилството и казните, партизацијата и сиромаштијата, стравот и кревањето и сл. (а не чешмите и патиштата од локално значење). Тоа опозицијата не смее да го пропушти. Мојата прогноза е дека таа ќе ги триплира општините под своја контрола (меѓу нив некои од најзначаните во државава)…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар
-
Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир



