Фестивалот е под покровителство на Владата и општина Струмица, а на отворањето присуствуваше и државниот врв, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Фестивалот го отворил Заев со пригодна реч, a веднаш по неговото обраќање започнала претставата за Голема Албанија, набиена со силен етнички и националистички полнеж.
–Важно е затоа што театарот не е само уште еден тип на уметност, уште еден канал за комуникација. Да, тој Е сето тоа, но, во исто време, театарот е единствената уметничка форма во која човекот актер му се обраќа на човекот во публиката. Човек на човек. Затоа театарот не е само сценско раскажување приказни. Театарската сцена е место за средби меѓу луѓето, меѓу актерите и публиката. Театарот е место за жив разговор за човекот и општеството, рекол Заев на отворањето.
На мотивите реагирале присутните, кои демонстративно ја напуштиле преставата, додека Заев и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, останале до крај да ја изгледаат театарската претстава.
Свирежи биле упатени кон Заев и советниците на СДСМ, кои како што велат струмичани, недозволиво на ваков начин им го честитале Денот на независност на државата и тоа со престава со која се заговара ништење на дел од територијата на државата.
Струмичани велат дека се работи за провокација која има задна намера да се поигрува со чувствата на граѓаните. Со неверување гледаат на моментот што на голема врата се врши политизација на културата во државата и се фрла темна дамка на реномираниот фестивал „Ристо Шишков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.