| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија ја смета Босна и Херцеговина за вистински пријател

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Сараево изјави дека Србија смета оти Босна и Херцеговина и е вистински пријател.

– Многумина нема да поверуваат во тоа и некои нема да се израдуваат, нагласи Вучиќ на прес­ конференцијата во Сараево, одржана по средбата со членовите на босанското претседателството ­ Драган Човиќ, Бекир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ.

Тој додаде, дека двете земји имаа трговска размена од речиси 555 милиони евра. Вучиќ наведе дека, со членовите на босанското претседателство разговарал за бројни конкретни проблеми, меѓу кои и прашањето за границата.

– Прашањето за границата е решено за 97 проценти од границата и блиску сме до пронаоѓање на решение за останатите три отсто. Тоа ќе биде исклучителен сигнал за регионот, да покажеме дека сме во состојба да се договориме меѓусебе, нагласи српскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top