„Македонија слободна слободно живее“, но никој не дојде да ѝ честита. Овие тажни фотографии од прославата на Денот на независноста на Република Македонија покажуваат дека новата Влада потфрли и не ја испочитува достојно државата на чиешто чело беше поставена.
Вториот ден од одбележувањето минува во една помалку тажна атмосфера. Ограденото плато пред зградата на Владата се покажа прешироко за малкуте граѓани кои дојдоа на спектаклот што го приреди тимит на Заев за „спектакли“. Претстава за децата, уметничка инсталација, класична музика – ништо не го провлече вниманието на граѓаните за да се соберат во достоен број пред почетокот на официјалниот дел – обраќањето на премиерот.
Ако некогаш овој значаен ден за државата се прославувал масовно и на ниво со соодветна организација, оваа година новата Влада во првите 100 дена успеа да потфрли во уште една задача.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.