Македонија во крајот на септември ќе гласа за прием на Приштина во Интерпол, изјави Иван Стоилковиќ, пратени во Собранието на Македонија и претседател на Демократската партија на Србите (ДПС) во Македонија, пишува „Вечерње новисти“.
Според весникот, Стоилковиќ, запрашан дали добил одговор на прашањето кое го поставил во Собранието, како ќе гласа Скопје кога ќе се одлучува за приемот на Косово во Интерпол, Стоилковиќ изјавил дека не добил одговор.
– Но, нема сомневање дека Македонија ќе го даде својот глас за членство. И тоа ќе се случи по дипломатската војна која се случи меѓу Белград и Скопје и со тоа повторно ќе се отворат тензиите меѓу двете земји – изјави Стоилковиќ.
Според претседателот на ДПС во Македонија, тој не добил одговор ниту на прашањето што сториле македонските служби и зошто Србија решила да го повлече својот персонал од амбасадата и дали зад тие активности стои странски фактор.
Стоилковиќ во разговорот за „Вечерње новости“ ја коментира и расправата за законот за двојазичност и според него тоа е вовед во федерализација на Македонија.
Запрашан дали следниот чекор во Собранието е усвојување на резолуција за геноцидот над албанскиот народ во Македонија во период од 1912 до 1956 година, тој вели дека „во оваа фаза веројатно не, но прашање на време е кога Албанците и тоа ќе го побараат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба