| четврток, 6 декември 2018 |

Диџејот Јонас Коп од Аргентина утре во Скопје

На 08 септември Епицентар ќе ви ја  открие најдобро чуваната техно тајна на Аргентина а тоа е познатиот диџеј Јонас Коп (Jonas Kopp).
Едно од проминентните и највозбудливи имиња кои се појавија од Арегентинската тејно сцена. Успешен продуцент, ремиксер и виртуозен изведувач кој брзо транзитираше во еден од водечките, современи house и теххно диџеј. Често е споредуван со оние кои им пркосат на жанровите како Levon Vincent, Ben Klock, Marcel Dettman и Ryan Elliot.
Неговата музичка кариера започнува многу рано. На само 19 години го издава првото CD под алиасот Area64, за популарно FM радио каде и работи како резидент. Во 2006 издава за Pfirter’s MindTrip Music imprint и оттогаш не престанува да се филтрира во различни музички жанрови. Без разлика дали е длабок Chicago – инспириран house (Curle) или мрачно techno (Stroboscopic Artefacts, Krill Music, Ostgut Ton) тврдите бас линии и возбудливи ритми се провлекуваат низ неговата дискографија. Токму овие специфични и моќни карактеристики прават да се возможни изданија како Reforce – неговото прво EP со четири траки за Deeply Rooted House кое беше најдиверзитетно, каде апстракното со спориот ритам се наоѓаат рамо до рамо. Во ноември 2014 најважната tchno платформа Trésor го лансираше Beyond The Hypnosis, неговиот прв албум кој има широк спектар на амбиентални и тврди techno звуци.
Кога е позади пултот Jonas е познат по многуте лица кои редовно ги претставува во изведбите како и фактот што диџејува на три дека, а неговите сетови пловат низ море од жанрови, темпа и температури. Неговиот techno live PA сет е мешавина создадена на аналогна и дигитална опрема како што за прв пат и се претстави во Berghain во 2010. Оттогаш е редовен во оваа Берлинска институција, а се паметат и неговите настапи низ Европа на ADE, Sonar и Amsterdam’s Trouw како и настапите во USA, Australia и Japan.
Jonas Kopp во неговите 10 години музичка продукција има докажано дека може да направи сè што ќе замисли. Од неговото деби во 2006 па сè до денес има изградено солидна дискографија која ги покрива сите аспекти од електронската сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top