| четврток, 6 декември 2018 |

Парис Хилтон е во Белград, за 45 минути ќе добие огромни пари (ФОТО)

Парис Хилтон на полноќ пристигна на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Вечер богатата наследничка, која од неодамна е диџеј, ќе пушта музика на една ВИП забава во Белград.

Видно расположена и со насмевка на лицето, Парис трпеливо им позирала на српските фоторепортери.

ys7ktkqturbxy8zowm3mtzimjvlnzkxmjlinju4zjkyntm5odhmmzm0ns5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

– Слушнав сè најдобро за Србија и планирам уште еднаш да дојдам, но тогаш ќе останам подолго. Летот беше многу пријатен, а ви ветувам луда забава – рекла богатата наследничка на насобраните новинари.

paris-hilton-1-620x350

Инаку, Парис која последните четири години активно се занимава со диџејство, вечер ќе настапува на една ВИП забава што ја организира позната козметичка марка. Предвидено е настапот да трае 45 минути, а за овој ангажман Хилтон ќе добие 100.000 евра.

Освен Парис, на забавата како специјални гости ќе се појават и францускио актер Ален Делон и музичарот Шон Пол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top