| четврток, 6 декември 2018 |

Почина познатиот диџеј Роберт Мајлс

Познатиот диџеј и продуцент на транс музика, Роберт Мајлс, почина синоќа на 47 годишна возраст.

Диџејот, најпознат по хитот „Children“ почина по долга битка со болеста, која ја криеше од јавноста, пренесува „ДЈ Маг Италија“.

Италијанецот беше чест гостин и во скопските дискотеки. Хитот кој го прослави се најде на врвот на топ-листите во 12 земји низ светот.

– Трагичните вести за смртта на еден од најталентираните уметници од нашето време многу ме вознемирија. Ќе ми недостигаат нашите борби, караници, критики и пресуди, но посебно твојот талент за пронаоѓање на вистинскиот звук и мелодија – изјавил неговиот долгогодишен пријател Џо Ти Ванели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top