| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио.

Еден од најуспешните диџеи и продуценти од земјава ГАЛОСКИ со огромен успех на својата мини турнеја во Јапонија. Галоски успеа да го распродаде V2 Tokyo, станува збор за еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат и гости може да сретнете имиња Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други.

Како дел од неговата мини турнеја во Јапонија нашиот диџеј и продуцент настапи и во ELE TOKYO и VILLA TOKYO

На еден од настапите нашиот диџеј имал специјална посета од г-дин Џеки основачот на DJMAG (Јапонија), едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство, што само ја потврдува големината на нашиот артист.

До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, Австрија како и заедно со светски познатиот диџеј Афроџек на 30.03.2018 во Љубљана, Словенија.

Галоски неодамна потпиша издание за една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот Armada Music која е во сопственост на светската денс икона Armin van Buuren.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top