„Слобода, сон, љубов“ е темата на второто издание на скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ кој ќе се одржи од 8 до 10 септември во Музејот на современа уметност во Скопје. Годинава, лауреат на „Друга приказна“ е Влада Урошевиќ, еден од најзначајните македонски писатели.
На фестивалот, покрај дваесетина учесници од Македонија, ќе учествуваат десетина гости од странство: Миклавж Комељ, Неџат Ибрахимовиќ, Томислав Вречар, Уршка Стерле, Теа Тулиќ, Јасна Жмак, Дејан Илиќ, Вуле Журиќ и Петар Матовиќ.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат повеќе читања, дискусии, промоции на книги, работилница за креативно пишување, концерти на Томислав Вречар, Ненад Тонкин и Љупа Ангелов, а по вторпат ќе се одржи и традиционалната борба со едноминутни новели „Овде паѓаат крупни зборови“, во која ќе учествуваат дваесетина писатели од Македонија и регионот.
„Друга приказна“ е книжевен фестивал за мали фикции што се основал во 2016 година кога се појави потребата од друга приказна во политиката, културата и во целото општество.
Меѓу поважните цели на фестивалот се популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу „популарното“ и „елитното“, „високото“ и „ниското“, ангажираното и ескапистичкото; преиспитување на улогата на писателот во новите локални и глобални контексти; осмислување и практикување на нови стратегии за културни поврзувања и локално и регионално и глобално; вмрежување на македонските автори и искуства во регионален контекст; збогатување на скопската културна понуда…
Поднасловот на фестивалот, Мали фикции, значи дека примарен интерес се малите книжевни форми, згодни за јавно и сценско споделување. Но, тука се и хибридните книжевни форми, местата каде што книжевноста се среќава со музиката, графиката, медиумите, естрадата, теоријата…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Белинда Казим-Камински, филмска проекција и разговор во МСУ
-
Отворена изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ во Музејот на современа уметност
-
Препрочитување на Бергман во МСУ: Прва национална премиера на филмот, „Бергман: една година од еден живот“ на Јејн Магнусон
-
„Подарени дела од Чехословачка“ 100 години од формирањето на Чехословачка (од колекцијата на НУ Музеј на современата уметност-Скопје)


