Музејот на современа уметност организира првата национална премиера на филмот, „Бергман: една година од еден живот“ на Јејн Магнусон.
Овој филм имаше своја премиера на овогодинешниот Кански фестивал. Ова е филм за најплодната година во животот на Бергман. Година во која го снима „Седмиот печат“ и истовремено работи на уште шест големи продукции.
-Во 20 часот следи разговор со Сесилија, која работи на Бергман веќе неколку години со уште една авторка, Јејн Магнус. За време на разговорот ќе го прикажеме анимираниот филм „Вокс Липома“, кој е еднa феминистичка перспектива на неговото присуство во филмот. Музеј на современата уметност, четврток, 1 ноември, 18 часот, велат од МСУ.
Препрочитување е чин на читање на нешто повторно, особено од поинаква позиција. Вообичаено, целта на препрочитувањето на нечија уметничка пракса не се состои само во надминување на погрешните читања, туку и реактуелизирање на автори и авторки, и нивните дела сега и овде. Со повторното читање не се преиспитува само придонесот на авторот од денешна согледба, туку се иницира и чин на повторно читање на минатото, со што се засилува критичкиот и индивидуален однос кон одреден општествен и културен контекст и воспоставените вредности.
Преку програмата посветена на Бергман, Музејот на современата уметност Скопје иницира чин на заедничко препрочитување на неговото творештво сега и овде – творештво чии читања во форма на филмски анализи и јавни филмски програми, ретко или скоро никогаш не се фокусираат на општественото и политичкото, туку го поврзуваат неговот опус единствено со културата, историјата или психологијата…
Ние пак посакуваме да ослободиме простор на неговата маестралност во поставувањето на правите прашања за себе и публиката, вклучувајќи современи дела и автори кои реактуелизирајќи го Бергман иницираат прашања насочени кон општественото и политичкото сега и овде. Оттаму, веруваме дека програмата Препрочитување на Бергман ќе креира дискусија за вредностите и праксите кои се Бергманово наследство, користејќи ги токму неговите инструменти: сензибилност за преиспитување на моралните вредности, творечки пракси во услови на комплексни и флуидни јавни простори на делување, како и спротиставеноста помеѓу реалноста и илузијата.
Бергмановиот опус е творечки предизвик, но може да се чита и како популаризација на слоевитите филмски јазици, а стекнатата популарност е резултат на либералниот, експлицитен и понекогаш шокантен третман на современата стварност во неговите филмови. Следствено, секое негово препрочитување кое има критички и индивидуален однос кон општественото и политичкото треба и мора да биде засновано токму на тие начела.
Бидејќи индивидуалниот немир (и кај Бергман), е еден од неопходните предуслови за креирање на одговорно заедничко и активно јавно делување, можеби после нашето препрочитување.
Кумјана Новакова
МСУ филм и видео програма
31.10.2018 / 20.00
Седмиот печат, Ингмар Бергман (Ingmar Bergman)
(Det sjunde inseglet, The Seventh Seal)
Шведска
1957, 96 мин.
01. 11. 2018 / 18.00
Бергман: една година од еден живот, Јејн Магнусон (Jane Magnusson)
(Bergman – ett år, ett liv, Bergman: A Year in a Life)
Шведска/Норвешка
2018, 116 мин
01. 11. 2018 / 20.00
Разговор: Препрочитување на Бергман со Сесилиа Несен (Cecilia Nessen)
Со проекции на:
Лицето на Карин, Ингмар Бергман (Ingmar Bergman)
(Karins ansikte, Karin’s Face)
Шведска
1986, 14 мин
Vox Lipoma, Јејн Магнусон (Jane Magnusson)
Шведска
2018, 11 мин
31.10.2018 – 01.11.2018
Видео инсталација
Реклами за Брис сапун, Ингмар Бергман (Ingmar Bergman)
(Reklamfilmer för Bris, Bris Soap Commercials)
Шведска
1951 – 1953, различно времетраење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Белинда Казим-Камински, филмска проекција и разговор во МСУ
-
Отворена изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ во Музејот на современа уметност
-
„Подарени дела од Чехословачка“ 100 години од формирањето на Чехословачка (од колекцијата на НУ Музеј на современата уметност-Скопје)
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ