| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓе од доверба на Заев во Велес бараат локација за изградба на бегалска населба

Специјална работна група составена од „лица од доверба“од Велес почнала да работи по предлог на Претседателот на Владата, Зоран Заев пред околу еден месец.

Според пишувањето на порталот „Курир“, целта на оваа група била во најкус можен рок да се изнајде локација за изградба на бегалска населба на територијата на општина Велес. По изборот на предлогот за локација истиот требало да се достави до меѓуресорското владино тело за спроведување на Акцискиот план на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, сочинето од претставници од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, министерството за труд и социјална политика, министерството за транспорт и врски, министерството за животна средина и просторно планирање, министерството за одбрана, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за планирање на просторот и претставници на невладини организации со искуство во спроведување на бегалски политки.

Особен акцент на ова операција бил ставен на нејзината тајност во работењето. Причините за тоа биле двојни. Прво, во јавноста владее огромно незадоволство и недоверба кон владината Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017- 2027 година и нејзиниот Акциски план. И второ, што било од особена важност за Зоран Заев, лошите резултати на СДСМ од неодамна спроведените анкети за локалните избори.

Имено, анкетите покажувале заостанување на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ и Заев стравувал дека излегувањето на површина на овој план за изградба на бегалска населба во Велес ќе нанесе ненадоместлива штета врз интересите на партијата во пресрет на претстојните локални избори закажани за 15 октомври.

За сето ова да се реализира без никакви проблеми на Зоран Заев му е потребна победа на локалните избори во Велес на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top