Амал Клуни го придружувала својот сопруг Џорџ на премиерата на филмот “Suburbicon”, во рамки на 74-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција.
Филмскиот фестивал успеа да ги собере најголемите ѕвезди од филмската индустрија. Во склоп на славната „Мостра“, се одржа и премиерата на новиот режисерски проект на актерот Џорџ Клуни.
На премиерата на филмот “се појави и неговата сопруга Амал, која блескала во виолетовиот фустан на модната куќа „Версаче“. Елегантниот изглед го нагласила со волуменозна ретро фризура во стил на дива од холивудското златно доба.
Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавноста откако пред нешто повеќе од два месеци роди близнаци, нејзиното доаѓање на премиерата предизвикало голем интерес кај присутните медиуми, со што успеала да ги засени дури и главните ѕвезди на филмот – Џулиен Мур и Мет Дејмон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Македонија на Венециското биенале со „Ослободување на просторот“
-
Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)