| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)

Неверојатна случка, за која вината треба да се бара кај организаторот, ни доаѓа од Венеција каде на градските улици викендов се одржал маратон. Дел од моторите кои требало да го насочуваат учесниците каде да трчаат, го промашиле патот, па фаворитите кои биле први на трката морале да се враќаат стотина метри, по што ги изгубиле лидерските позиции и драгоцено време.

На крајот победил Ејоб Фаниел кој пред почетокот на маратнот важел за тотален аутсајдер.

Фаворитите биле на водечките позиции се до 25. километар кога биле насочени на погрешен пат. Тие изгубиле околу две минути за да се вратат на вистинската траса. Тоа го искористи 25-годишниот домашен натпреварувач, Фаниел кој ми крив ни должен, го постигнал најголемиот успех во својата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top