| четврток, 6 декември 2018 |

Не успеа референдумот за рудникот кај Иловица

На 19-те гласачки места во општина Босилово требаше да излезат 5.151 гласач (50 отсто од запишаните гласачи) за да биде успешен референдумот за или против отворање рудници на територијата на оваа општина. Излезноста засега не е позната, но јасно е дека референдумот е неуспешен, не е исполнет законскиот цензус за да референдумското изјаснување биде легитимнo.

 Ова е втор неуспешен референдум во Југоистокот и тоа во општини каде е издадена концесија за експлоатација на металични минерални суровини по претходно добиено позитивно мислење од самите општини. Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во Општина Ново Село, закажан е за 17 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top