| четврток, 6 декември 2018 |

Самостојна изложба „Од традицијата“ на академскиот сликар и професор Решат Амети во Чифте амам

Самостојна изложба „Од традицијата“ на академскиот сликар и професор Решат Амети денеска ќе биде отворена во Чифте амам во Скопје во рамки на манифестацијата Нов културен бран.

Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими. Таа е дел од манифестацијата по повод отворањето на плоштадот Скендербег и ќе трае до 16 септември.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе дела во комбинирана техника и масло на платно од циклусот насловен „Од традицијата“.

Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски.

Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ од ДЛУМ – 2009 година, „11 Октомври“ за животно дело од областа на уметноста и културата во 2013 година. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top