Во креативниот центар „Виарт“ на издавачката куќа „Феникс“, кој се наоѓа кај Универзалната сала, од 10 јуни до 10 јули се одржува Летен саем на книги со најголем попуст досега, од 30 до 90 проценти на сите изданија на „Феникс“.
Боенки, сликовници, енциклопедии, лектири за основно и за средно образование, хитови, бестселери, прирачници, речници, разговорници… преку 2.500 наслови. Сликовници и боенки за само 10 денари, а просечната цена на книгите е 100 денари.
На Летниот саем на книги на „Феникс“ наскоро ќе бидат промовирани книгите Александар Македонски од непознат византиски автор, Златното јаболко и други бајки од Христо Петрески, Водичот за Битола од Аница Георгиевска и повеќе други најнови изданија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.