Од утре во Битола ќе одржи првиот саем на книгата, на кој од утре напладне ќе бидат изложени книгите на следниве издавачи: Бегемот, Темплум, Или-Или, Готен и Антолог.
-Саемот ќе стои од 27-30.9, ќе се трга само навечер, да не се оштетат книгите за време на свирките, велат организаторите од Артикултура.
На саемот ќе има и промоции на изданија на четири од издавачките куќи, па во петок и сабота од 17:00-19:00 имаме вака нешто:
ПЕТОК 29.9
17:00
Бегемот: Промоција на преведените дела на Ришард Капушќински со Лидија Танушевска
18:00
Антолог: Поетско читање со Ѓоко Здравевски
САБОТА 30.9
17:00
Темплум: Никола Гелевски, промоција на едицијата Друга приказна и на истоимениот скопски книжевен фестивал
18:00
Или-или: Промоција на романот „Одбројување” од Фросина Пармаковска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.