| четврток, 6 декември 2018 |

Награда „Златен прстен“ за Виктор Б. Шеќеровски од Белград

Годинашен добитник на меѓународната наградаЗлатен прстен“ за книжевен творечки опус  е писателот Виктор Б. Шеќеровски од Белград. Тој е автор на повеќе поетски книги и избори, како и на голем број истражувачки книжевни и историографски текстови. Директор е на Новинскоиздавачкиот центар и главен и одговорен уредник на списанијатаМакедонска виделина“, „Видело“ иЅуница“, кои ги објавува Националниот совет на Македонците во Панчево (Србија). Неговата поетска книгаОтмени празнини“ за која ја доби и наградатаИселеничка грамота“ ја објави Издавачката куќаФеникс“ од Скопје, која годинава ќе публикува и нов поетски избор од Виктор Б. Шеќеровски.

 Традиционалната меѓународна наградаЗлатен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќаФеникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентацијаМакедонија презент“ од Скопје, а одлуката за наградата ја донесоа: проф.др Христо Петрески, проф.др Васил Тоциновски и мр Трајче Кацаров.

Наградата ќе биде врачена на Меѓународниот саем на книгата, кој се одржува од 4 до 10 април 2017 година во Скопје.

Инаку, досегашни добитници на наградатаЗлатен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Ристо Василевски,Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Санде Стојчевски (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ,Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир АндриќЕва Рас, Душица Илин, Ненад Груичиќ, Зорица Арсиќ Мандариќ (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина), Аднан Озер (Турција), Радомир Улјаревиќ (Црна Гора) и Јованка Стојчиновиќ Николиќ (Босна и Херцеговина).

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top