| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели ја запроси Фани (ФОТО)

Пред некое време ја посрами пред целиот свет кога рече дека ќе ѝ дозволи да спие со целиот фудбалски тим на Реал Мадрид ако тие успеат да ја победат Борусија во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите, а подоцна, откако таа му се налути, беше забележан со нова убавица.

1baloteli500

Сепак, не за џабе велат дека глупавите ги прати среќата, па фудбалерот на Милан не само што се смири со неговата сакана Фани, за која изјавуваше дека е девојката со која би можел да го помине целиот живот, туку и го направи првиот чекор кон тоа.

На интернет белгиската манекенка се пофали со дијамантскиот прстен кој е проценет на неколку милиони долари, што значи дека Марио ја запросил по шестмесечна турбулентна врска.

2baloteli500

– Уште пред извесно време зборуваа за венчавка, но овој пат тоа е вистина – потврдил близок пријател на идната невеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top