Маж загина откако паднал од мост, од возбуда неколку минути откако неговата девојка се согласила да се омажи за него.
32-годишниот маж го паркирал автомобилот среде мостот Ирабу во Јапонија. Излегол надвор со девојката и ја запросил. Од среќа што таа му одговорила „да“, тој се качил на оградата од мостот и ги раширил рацете.
Секунда подоцна изгубил рамнотежа и паднал во водата од висина од 30-тина метри.
Неговото безживотно тело било најдено неколку часа подоцна.
Полицијата соопшти дека мажот пиел алкохол пред да се случи трагедијата.
Мостот Ирабу беше отворен во 2015 година и ги поврзува двата јапонски острови Мијако и Ирабу. Долг е 3.450 метри.
извор:кајгана.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.