| четврток, 6 декември 2018 |

Најнеобичното запросување: Снимил филм кој бил прикажан во кино (видео)

Австралискиот војник Мајк ја изненадил својата девојка и ја воодушевил јавноста со оригиналното „кино запросување”. Тој ја извел Бек под изговор да гледаат филм, но таа не ни претпоставувала што ја очекува.

На големото платно се прикажале преубави кадри од Тихиот океан, а потоа и Мајк кој ја изјавил својата љубов кон Бек и ја запросил со голем дијамантски прстен. Бек останала шокирана, а потоа следело и вистинско запросување.

Мајк барал веренички прстен со месеци, а потоа по игра на случајност освоил дијамантски прстен од 2,14 на едно натпреварување. Тој го снимил запросувањето за “Diamond Concierge” на Ленокс Хед – местото каде што за првпат ѝ кажал на својата девојка дека ја сака.

– Не можев да спијам цела недела и бев многу нервозен, а таа постојано ме прашуваше зошто ми се студени дланките и зошто сум нервозен. Но издржав – вели Мајк.

Бек ја прифатила понудата за брак, а сите посетители аплаудирале на ваквата оригинална идеја.

– Сè уште сум во шок. Беше прекрасно. Тој направи одлична работа во премолчувањето за сето ова – вели Бек. Парот е во врска три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top