| четврток, 6 декември 2018 |

Папата сведок на запросување во Ватикан: Те праша нешто, што имаш да кажеш? (Видео)

Момче од Венецуела, Дарио Рамирез решила да ја искористил приликата, па ја запросил својата девојка пред папата Франциск во Ватикан.

– Кога не запознаа со папата, му ја објаснив ситуацијата во Венецуела и со што се соочуваат политичките затвореници. А тогаш му реков дека жената до мене е жената на мојот живот. Ја запознав во црква, Бог ја прати во мојот живот и сакам да ја запросам. Клекнав и го направив тоа, раскажал Рамирез и додаде дека тој исто така е жртва на режимот, поради тоа што во 2014 година бил протеран од сопствената земја.

Девојката на момент останала без зборови, па настапила незгодна тишина, па Папата морал да се замеша.

– Те праша дали ќе се омажиш за него, што имаш да кажеш?, рекол Франциск.

Таа брзо дошла при себе и одговорила возбудено – Да, секако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top