| четврток, 6 декември 2018 |

Дринквотер на крајот на преодниот рок потпиша за Челси

Англискиот репрезентативец, Дени Дринквотер во последните часови од трансфер периодот пoтпиша за Челси, а клубот од Лондон за неговите услуги на Лестер ќе му плати 35 милиони фунти. Одличниот играч од средината на теренот подолго време беше желба на Конте, а и самиот побара од Лестер да му дозволи да ја промени клупската средина.

Тој ќе има силна конкуренција во средината на теренот во Челси, имајќи в предвид дека летово во редовите на „сините“ стигна и Бакајоко од Монако, а тука се и стандардните Фабрегас и Канте, па останува да видиме каде Конте ќе најде место со тимот за Дринквотер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top