| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари, иселените можат да се вратат, но мртвите деца никој не може да ги врати

Наместо да преземе одговорност и да ги пронајде причините за смртта на шесте новороденчиња, министерот за здравство Арбен Таравари презема крајно неетички и нечовечки потези споредувајќи ги починатите бебиња со иселени лица.

Иако јавноста чека одговори зошто починаа брбињата, Таравари не презема ништо да се дознаат причините. Неговата неспособност деновиве кулминира на дело, а изјавите се доказ дека здравството го види човек кој не знае каде се наоѓа и зошто е таму.

Поразително е што на лекар по професија поважно му е политички да манипулира и да ја напаѓа опозицијата одошто да преземе одговорност за животите на шесте бебиња.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top