| четврток, 6 декември 2018 |

Арбен Таравари: Масовно се брка наставен кадар

35 наставници, професори и учители се избркани од работа, а на нивно место настава почнале да држат лица, кои не биле евидентирани во ниту една институција. Ваквко обвинување денеска пристигна од гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Таравари рече дека гостиварското образование е во тотален хаос, откако Министерството за образование му ги одзеле ингеренции, кое сега во училиштата на сила назначува директори кои пак без никакви законски процедури бркаат и назначуваа просветен кадар.

Таравари додаде дека новите директори одбиваат да соработуваат со него. Како пример го посочи директорот на Основното училиште Исамил Кемали, кој одбил општината да ја плати струјата на училиштето. Директорот ги отфрли ваквите обвинувања.

Поради нетрпеливоста меѓу Општина Гостивар и директорите на гостиварските училишта неизвесен беше почетокот на учебната година, каде голме број од нив немаа струја, прибор а се соочуваа и со блокирани жиро сметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top