Изгледа атрактивната Словенка ги дочека своите 5 минути слава. Таа повеќе не е само трофејна, млада и оперирана сопруга – присуството на Меланија во медиумите е се поголемо, а додека популарноста на нејзниот сопруг и на Иванка вртоглаво паѓаСловенката станува се попопуларна и нејзиното суптилно влијание се повеќе излегува на површина.
Така, во последните неколку недели Меланија од омразена стана симпатична, сакана прва дама, а тоа е нешто на што никој, ама баш никој, не се надеваше.
Прво, сите ја доживуваа како спонзоруша која ги продала својата младост и убавина за пари и слава, а традиционалната американска јавност ѝ замерува за фактот дека дури со бракот добила зелена карта, односно не е родена Американска и е првата прва дама странец на Америка.
Од сите Трампови на политичката сцена во САД, луѓето најмалку очекуваа од Меланија. Притоа и самата долеваше масло на огнот, избегнувајќи да се појавува во јавноста, одложувајќи го преселувањето во Белата куќа и со општиот впечаток на незаинтересираност за претседателската функција на сопругот.
Во првите пет месеци од владеењето на Доналд живееше во Њујорк, но и тогаш беше актуелна – се зборуваше дека го изневерува и дека е во брак исклучиво од корист
Освен тоа, според јавните анкети и интернет коментарите беше очигледно дека на луѓето им оди на нерви тоа што првата дама има многу разголени фотографии, речиси руски акцент на англискиот, а се зборува и дека учестввуала во елитна проституција. Но, изгледа трпеливата Меланија успеа да го заврти сето тоа во сопствена корист.
Изгледа Словенката стекна самодоверба, па се повеќе се појавува сама во медиумите, како што го правеле тоа и другите први дами пред неа, а се почесто учествува во хуманитарни акции, во борба за правата на децата и прифаќа слични ангажмани.
Медиумите престанаа да ја критикуваат, а очигледно е дека нејзиното влијание расте.
Познато е дека нејзиниот сопруг не е некој џемтлмен, досега 16 жени го обвиниле за сексуално малтретирање, има многу шовинистички изјави во јавноста, а очигледно е дека на ист начин се однесува и кон Меланија – се зборуваше дека ја уценувал да ослаби по породувањето, зашто ќе ја остави, а да не зборуваме за тоа што оди пред неа неколку чекори како таа да не постои или пак дека се однесува студено кон неа дури и пред камери. Во оваа непријатна приказна Меланија се држеше настрана, беше тивка, а на поставени прашања суптилно го бранеше сопругот.
Од друга страна, омилената Иванка, стана омразена Иванка откако во јавност протекоа информации дека ги шиканира жените во сопствената фирма, дека ги принудува да се вратат на работа само неколку дена по породување, дека врши експлоатација на евтина работна рака за производство на нејзината облека, но најмногу од се, јавноста ѝ замери што не ги осуди нацистите од Шарлотсвил.
Од друга страна, Меланија прва го направи тоа. Уште една работа што ѝ оди во прилог на Словенката е фактот дека стана модна икона и покрај тоа што никој не сакаше да ја облече за инаугурацијата, денеска се тепаат да креираат за неа. Меланија има специфичен префинет и елегантен индивидуален моден стил, а Американците се горди на овој факт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.