| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоски за Жерновски: Ух, каков гад!

Човек кој ниту еднаш не се појавил на работа на точак, оди со кола низ Дебар Маало, никогаш не платил казна или имал проблем да најде паркинг не може да знае каков е животот на луѓето во Центар

Кандидирањето на Жерновски ќе биде катастрофална грешка за коалицијата. Човекот нема никаков сенс за јавните простори, за доброто на послабите учесници во сообраќајот, за децата, хендикепираните, велосипедистите вели Никола Наумоски братучед на министерската за одбрана Радмила Шеќеринска.

„Еве ги врзаните раце на Жерновски! Кога ти е прљав газот и се осеќаш одговорен за смртта на жената од минатата недела, тогаш нема проблем – ставаш вело-паркинзи кај сакаш, столпчиња по цел тротоар! Нема сообраќајни анализи, нема ДУП-ови, нема „ама кај ќе паркира комшијата“, нема „викни сообраќајна полиција ако не ти чини“… Значи можело, боемчино една!?
Притоа, мене ме обвинуваше дека сум печалел на смртта на пешачката зашто го потсеќав дека сме го предупредувале за опасноста токму на оваа локација. Ако тоа било печалење, тогаш што е ова?
Ух, каков гад!“, пишува Наумоски на Фејсбук.

Во врска со сообраќајната несреќа во Дебар Маало, во која загина жена, Наумоски вели дека конкретната уличка („Грубишиќ“ и „Дебарца“) била тема на разговор и преписки со Жерновски многу одамна и многу често.

„Му укажавме дека има хаос на улицата, дека нерегуларно се паркира, а никој не казнува, дека секојдневно има камиони што возат во рикверц (заради запушената улица) на место каде што има школо, библиотека и факултет, каде старци секојдневно одат на пазар и се враќаат со тешки торби. Жерновски не само што ги изигнорира нашите барања, туку и сакаше да ја направи уличката двонасочна и да ја отвори кон Партизанска, врли Наумоски и обвинува дека Жерновски сакал да прошверцува и бензинска пумпа на местото на пазарчето и притоа потенцира дека лошо поставените и изградени згради ја спуштаат вредноста на соседните станови, го влошуваат проблемот со паркингот, со тротоарите и никако не придонесуваат кон подобар локален развој.
 http://republika.mk/813594

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top