Актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц реагира на шпекулациите дека на престојните локални избори ќе настапи самостојно, како независен кандидат, а матичната партија ќе истрча во битката за Куманово со Максим Димитриевски.
„Јас како истакнат член на Социјал демократски сојуз на Македонија досега немам излезено од рамките на статутарните одредби и одлуки на централно партиско раководство. Никаде, во ниту една прилика немам дадено изјава дека на претстојните локлни избори ќе настапувам како независен кандидат. Јас сум актуелен градоначалник на Општина Куманово и имам поднесено кандидатура (своја програма) до партијата. По испитување на јавното мислење имам најголеми можности на претстојните локални избори. Затоа и се надевам на поддршка од граѓаните и мојата партијата“, стои во соопштението на Дамјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.