Роден на: 5 јуни 1956 година во Куманово
Образование: Гинеколог
Професија: Политичар
Администрацијата работи со намален капацитет поради празниците. И белите дробови на кумановци исто така – со намален капацитет поради негрижата на градските власти. Граѓаните се задушуваат, Циц никаде го нема. Празнувал човекот, а како што стојат работите, празнува од далечната 2005 година, откако е градоначалник на Куманово.
Ак се земе предвид дека тој раководи со најзагадениот град во Европа цели 12 години, нормално е да се однесува како паша, но нормално би било и да се заврти во пашалакот и да види дека луѓето му умираат од карциноми. Сепак, лекар е.
Но, во Куманово ни НВО не вирее. Климата – чернобилска, снегот црн, во воздухот гареж. На згариштето на Европа не се најде ниту еден екологист да застане и да рече: „Сторете нешто, 999 милиграми на метар кубен отрови за нашите бели дробови“. Можеби и тие празнуваат.
Гинекологот-градиначалник по недели најде време да задоцни на својата прес-конференција свикана, секако, заради снегот и загаденоста. И прво што рече човекот е дека задоцнил зашто службите работеле на терен. Па да работеле, на терен би се летало, а не би се доцнело. Обично е така. Не заборави да каже дека загаденоста е политичка борба на кумановската опозиција оркестрирана од Скопје, но не објасни дали опозицијата ги увезува од Скопје канцерогените ПМ10 честички во Куманово. Нели, во пакет со директивата од Скопје.
–Во време кога имаме елементарна непогода, поларна зима, ниски темпеарури, дури и јас доаѓам со задоцнување на оваа конференција, бидејќи на терен имаме сериозни работи за да дојдеме до комплетно расчистување на улиците и тротоарите, го користат просторот за да предизвикаат коментари. Еве, од понеделник локалната самоуправа ќе преземе свои одговорности, се задолжува градоначалникот да направи неколку секвестирани мерења во општината.
Оваа изјава кумановскиот паша ја дава на 13 јануари, дента кога во Куманово беа измерени преку 1000 милиграми на кубен метар ПМ10 честички.
Но тринаесетјануарската будалаштина на Циц не е прва годинава. Со небулозни и несериозни изјави тој ја започна и годината. На 3 јануари, кога од 284 mg/m3 ПМ10 утрото, загадувањето порасна на цели 328 mg/m3 во 11 часот, со што Куманово повторно беше најзагадениот град во Македонија и во Европа, Циц пред камери им порача на кумановци дека испртил делегација во Скопје (небаре на Марс ги пратил) и дека се разгледуваат можностите како да се набават специјални возила со кои ќе се распрскува специјална хемикалија по улиците која ќе придонесе да се намали загаденоста. Веројатно како лекар би требало да знае дека пациентот не се лекува откако ќе умре. А, и дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Така советуваат и бабите, не само лекарите.
И така, додека на Циц ја бара вината кај опозицијата, додека ја разгледува можноста да го реализира предизворните ветувања на својата партија, ако воошпшто знае кој што рекол, кој што ветил, зашто во претизборијето СДСМ ветуваше се и сешто, Куманово во моментов има 50 % поголема загаденост на воздухот од кој било град во Македонија, и нема ниту еден екологист кој со гас-маска ќе излезе и ќе рече: „Сопрете!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.