| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци за Жерновски: Што работи манекенов кога Коце му ги уредува улиците и парковите?

До кога општината со најголем буџет, Центар, ќе биде ѓубре од општина, ќе тоне во урбанистички хаос и ќе гинат луѓе од неодговорност, револтирано прашува политикологот Јорданка Ивановска Јоци и го потсетува центарскиот кмет и партијата што го кандидира на претходните локални избори, СДСМ, „еднаш ја изгубивте поради сево ова, и тоа траеше 12 години (два мандата Аларова, еден Тодоровиќ)“.

„За неупатените, прикаската со Жерновски е следна – „ако не ме кандидирате пак, ќе одам сам и ќе ги поделам гласовите“. Пуштете го СДСМ сам. Нек „изгори“ славно, пуленот на Пенов и Љубчо. До кога со проценти, лоши калкулатори од време на БЦ?“, пишува Јоци, која во отворена војна го разобличува нелегалното работење на Жерновски и катастрофалите последици за кои допрва ќе плаќаат центарци.

„Пола улици и паркови во Центар, по површина најмала општина, му ги уредува Коце, во градска надлежност се. (Градски парк, Жена парк, Кеј, „Партизански одреди“, „Илинденска“, „Климент Охридски“, „Гологанов“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, плоштад „Македонија“, „Пела“, плоштад „Филип Втори“, плоштадот кај „Света Богородица“, бул. „ВМРО“…)
И, што работа има манекенов? Што направи за 4 години со 120 мил. евра буџет? Центар не е само околу неговите бараки, Центар е и Маџир Маало, Ново Маало, Крњево. Типов, што направи таму? Уште живеат во супстандардни услови. Да ви сликам?

Ене, на Водно, 4 месеци прави две улици, жителине се бесни, дома не може да стасаат, го вртат половина Скопје.

СДСМ има свое гласачко тело во Центар, кои, заслужуваат работник и ќе гласаат за својот профил, а не за ЛДП-овец.“, пишува Јоци.

Јоци вели дека Жерновски не соработува со никого од телата кои се од СДСМ, но нејасно е со кого точно соработува, со кои партиски профили.

„Пола Скопје, особено бизнисмени, не можат да го смислат. А, зошто, ај прашајте ги“, завршува Јоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top