| четврток, 6 декември 2018 |

Раскол во бастионот на СДСМ: Партијата во Куманово ќе настапи со Димитриевски, Циц како независен?

Раздор во некогашниот бастион на СДСМ, Куманово. Низ кулоарите се шпекулира дека е сѐ поизвесно на локалните избори СДСМ да настапи со Максим Димитриевски, а актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц по четврти пат да ја бара довербата од граѓаните, но овој пат како независен кандидат, а не предлог на СДСМ.

Кој е Циц и што направил за Куманово ѝ е многу добро познато на јавноста уште од април 2005 година кога за прв пат победи како кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ.

999 – кумановски круг од пеколот

Максим Димитриевски, исто така, ѝ е познат на јавноста, особено по инцидентот во една кумановска кафеана, во кој на 5 април годинава претепа 28-годишно момче.

Насилникот Димитриевски ќе оди на суд

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top